Шеснаесет села во Старо Нагоричане имаат од 20 до 100 жители според пописот на населението од 2021 година.
Во најмалите 12 села во Старо Нагоричане, како што пишувавме претходно, живеат 127 лица и подетална анализа можете да прочитате ТУКА.
Кокино
Кокино е меѓу најмалите села во Старо Нагоричане во оваа подгрупа на населени места до сто жители. Брои вкупно 21 мештанин, од кои 19 Македонци, а за двајца немало податоци.
Вкупно 12 мажи и девет жени во оваа село живеат во девет различни домаќинства во селото познато по најстарата мегалитска опсерваторија.
Селото има четири деца, од кои најмалото било девојче во категоријата од пет до девет години. второ девојче во категоријата од десет до 14-годишна возраст и две момчиња од 15 до 19 години.
Едно девојче е во раните дваесети години од животот, во втората половина од триесетите имало една жена, додека друга е во возрасната група од 40 до 44 години.
Во доцните четириесети години во селото имало тројца мажи, исто колку и во раните педесети, во која категорија има и една жена.
Најстарата возрасна група е од 75 до 79-годишна возраст, во која попишувачите регистрирале еден маж и две жени.
Аљинце
Селото Аљинце имало 22 жители, што е за 42 отсто помалку во споредба од пред две децении.
Најголемиот дел или 19 од нив биле со македонска националнсот, односно 15 мажи и седум жени кои живееле во 11 домаќинства.
Во селото живеат четири деца, од кои едно момче и девојче во категоријата од десет до 14 години, како и две момчиња на возраст од 15 до 19 години.
Најстарите жители на селото според пописот од 2021 година имале над 80 години.
Враготурце
Враготурце е село со 27 жители, од кои 21 се изјасниле како Македонци, а за останатите нема податок.
Вупно 17 мажи и десет жени живееле во 10 различни домаќинства.
Осум од жителите се деца и млади под 30 години. така најмладите мештани на оваа село биле две момчиња и едно девојче во возрасната група од десет до 14 години. Едно девојче е во категоријата од 15 до 19 години.
Во раните дваесети години од животот биле три момчиња, а едно во доцните дваесети.
Највозрасниот жител на селото Враготурце бил маж над 85-годишна возраст.
Дејловце
И селото Дејловце броело 27 жители според последниот попис, од кои 21 со македонска националност.
Селото има 14 мажи и 13 жени, кои живееле во девет различни домаќинства.
Во Дејловце попишувачите регистрирале дури седум деца. Најмалото е девојче во возрасната група до четири години, додека уште едно девојче е на возраст меѓу пет и девет години.
По едно момче и девојче има во категоријата од десет до 14-годшна возраст, и две момчиња и едно девојче од 15 до 19 години.
Највозрасните маж и жена во селото се во возрасната група од 75 до 79 години.
Пузајка
Селото Пузајка има точно 30 жители, од кои 16 мажи и 14 жени, сите со македонска националност.
Тие живеат во десет различни домаќинства.
Пузајка има четири деца, две момчиња до четиригодишна возраст и две девојчиња во категоријата од пет до девет години.
По едно момче и девојче има во раните дваесети и исто толку во доцните дваесети години од животот.
Две жени биле најстарите жители на селото во категоријата над 85-годишна возраст.
Арбанашко
Еден жител повеќе од Пузајка, брои селото Арбанашко.
Ова планинско село има 17 мажи и 14 жени, кои живеат во 13 домаќинства и сите се изјасниле како Македонци.
Селото брои осум деца и тројца млади. Најмладиот мештанин е момче до четиригодишна возраст, додека во актегоријата од пет до девет години биле регистрирани две момчиња и три девојчиња.
По едно момче и девојче имале меѓу десет и 14 години.
Во селото има тројца млади, станува збор за момче и две девојчиња во доцните дваесети години од животот.
Најстарите маж и жена биле во возрасната категорија од 75 до 79 години.
Макреш
Трисет и двајца жители, од кои 29 Македонци, биле попишани во селото Макреш.
Станува збор за 16 жени и исто толку мажи кои живееле во 13 различни домаќинства.
Седум деца и тројца млади регистрирале попишувачите во селото Макреш.
Момче и девојче до четиригодишна возраст биле најмладите жители на оваа село, додека во категоријата од пед до деветгодишна возраст имало три момчиња.
По едно момче и девојче биле на возраст од 15 до 19 години.
Селото има тројца млади, сите девојки, од кои две во раните дваесети и една во доцните дваесети години од животот.
Највозрасните членови на ова населено место се жени на возраст меѓу 70 и 74 години.
Руѓинце
Селото Руѓинце според пописот од пред две години, имало 35 жители, од кои доминантно било македонско население.
23 мажи и само 12 жени, живееле во 17 различни домаќинства.
Руѓинце има осум деца, од кои момче до четиригодишна возраст е најмладиот мештанин, додека друго момче е мѓу пет и деветгодишна возраст.
Две момчиња и едно девојче биле на возраст од 10 до 14 години, а во категоријата од 15 до 19 години попишувачите регистрирале три момчиња.
Селото има двајца млади жители, момче во раните дваесети и девојка во доцните дваесети години од животот.
Селото имало дури четири жители на возраст над 85 години, сите жени.
Стрновац
Селото Стрновац има 48 жители, од кои 42 со македонска и шест со српска националност.
Вкупно 23 мажи и 25 жени живееле во 20 домаќинства кога ги посетиле попишувачите пред две години.
Шест деца и двајца млади се надежта на селото. Две девојчиња се до четиригодишна возраст, по едно момче од пет до девет години, додека во категоријата иод 15 до 19 години биле две девојчиња.
Селото има тројца млади, од кои по едно момче и девојче во раните дваесети, и едно девојче во доцните дваесети години од животот.
Највозрасниот жител на селото е жена над 85-годишна возраст.
Канарево
Вкупно 48 жители, од кои 44 Македонци, живееле во селото Канарево во 2021 година кога биле посетени од попишувачите на Државниот завод за статистика.
Во селото живееле 26 мажи и 22 жени во 19 различни домаќинства.
Канарево има седум деца и четворица млади.
Две момчиња се во најмалата возрасна група до четири години, а две девојчиња имаат меѓу пет и девет години.
По едно момче и девојче биле во категоријата од 10 до 14-годишна возраст и едно момче меѓу 15 и 19 години.
Селото бележи четворица млади, од кои момче во раните дваесети, и две момчиња и една девојка во доцните дваесети години од животот.
Жена е најстар жител на селото и има околу осумдесет години.
Жегљане
Како Канарево, така и Жегљане имало 48 мештани пред две години, од кои 45 биле со македонска националност.
Во селото доминираат мажите, односно 33, наспроти само 15 жени. Сите заедно живеат во 22 различни домаќинства.
Жегљане има само три деца и седум млади луѓе.
Најмалите деца се на возраст меѓу до и 14 години и станува збор за едно момче и едно девојче, како и девојче меѓу 15 и 19-годишна возраст.
Од седумте млади луѓе, две момчиња и едно девојче се во раните дваесети, а четири момчиња во доцните дваесети години од животот.
Највозрасен жител на селото е маж над 85-годишна возраст.
Добрача
Селото Добрача имало 49 жители според пописот од 2021 година, од кои 43 Македонци, едно лице со албанска националност, а за останатите нема податоци.
Доминираат мажите во селото, односно 30 мажи наспроти 19 жени, распоредени во 19 различни домаќинства.
Дури десет деца и шест млади има оваа село.
Најмладиот жител е девојче до четиригодишна возраст и момче во категоријата од пет до девет години.
Две момчиња и едно девојче се на возраст меѓу десет и 14 години, додека во во возрасната група од 15 до до 19-годишна возраст имало три момчиња и две девојчиња.
Двајца мажи се најстарите жители ан селото и имаат од 80 до 84 години.
Стрезовце
Селото Стрезовце според пописот имало 54 жители, од кои 42 се изјасниле како Македонци, а за останатите нема податок.
Селото има 28 мажи и 26 жени, кои живеат во 23 различни домаќинства.
Седум деца и двајца млади живееле во селото. Најмладиот мештанин било момче до четиригодишна возраст.
Две девојчиња биле во возрасната група од пед до девет години, две од 10 до 14-годишна возраст, додека од 15 до 19 години имало две момчиња.
По едно момче и девојка биле во раните дваесети години од животот.
Најстар жител на селото е маж кој имал над 85 години.
Коинце
Според пописот од 2021 година, селото Коинце броело 56 жители, повеќето Македонци.
Доминираат жени во селото, односно 32, наспроти 24 мажи. Сите тие живееле во 25 различни домаќинства.
Десет деца и тројца млади впишале попишувачите на ДЗС.
Девојче до четиригодишна возраст бил најмладиот жител на селто, а две девојчиња имало во категоријата од пет до деветгодини.
По едно момче и едно девојче биле на возраст од десет до 14 години, додека во возрасната група од 15 до 19 години имало едно момче и четири девојчиња.
Селото имало едно момче и две девојчиња во раните дваесети години и една девојка во доцните дваесети.
Селото имало тројца жители над 85-годишна возраст, од кои еден маж и две жени.
Степанце
Селото Степанце според последниот попис имало 58 жители, од кои 48 со македонска националност, еден Србин, а за останатите нема податоци.
Вкупно 37 мажи и 21 жена живееле во 27 различни домаќинства.
Попишувачите во Степанце регистрирале 11 деца и шест млади луѓе.
Две девојчиња и едно момче биле до четиригодишна возраст, додека шест деца се во категоријата од пет до девет години, од кои четири момчиња и две девојчиња.
Едно девојче било на возраст меѓу 10 и 14 години и едно момче меѓу 15 и 19-годишна возраст.
Селото имало шест млади луѓе, од кои едно девојче во раните дваести и три момчиња и две девојки во доцните дваесети години од животот.
Највозрасниот жител на селото бил маж на возраст меѓу 80 и 84 години.
Орах
Орах е последното од оваа листа села во Старо Нагоричане, од подкатегоријата до 100 жители. Ова село според пописот од 2021 година имало точно 80 жители, од кои 69 Македонци, еден од албанска националност.
Селото има 43 мажи и 37 жени, кои живееле во 29 различни домаќинства.
Ова е едно од селата со најмногу деца, дури 13, а има и 12 млади.
Едно момче на возраст до четири години бил најмладиот жител, додека во групата од пет до деветгодишна возраст имало четири момчиња.
Три девојчиња била во возрасната група од десет до 14-годишна возраст, додека четири момчиња и едно девојче од 15 до 19 години.
Селото има 12 млади лица. Во раните дваесети години од животот во селото живееле две момчиња и две девојчиња, додека во доцните дваесети години имало четири момчиња и две девојки.
Најстарите жители на селото се во категоријата од 80 до 84 години и станува збор за еден маж и две жени.
Село | Попис 2021 | Попис 2002 | Разлика (во %) |
Кокино | 21 | 48 | -56,2 |
Аљинце | 22 | 38 | -42,1 |
Враготурце | 27 | 55 | -50,9 |
Дејловце | 27 | 44 | -38,6 |
Пузајка | 30 | 54 | -44,4 |
Арбанашко | 31 | 40 | -22,5 |
Макреш | 32 | 40 | -20 |
Руѓинце | 35 | 75 | -53,3 |
Стрновац | 48 | 93 | -48,3 |
Канарево | 48 | 81 | -40,7 |
Жегљане | 48 | 86 | -44,1 |
Добрача | 49 | 76 | -35,5 |
Стрезовце | 54 | 117 | -53,8 |
Коинце | 56 | 70 | -20 |
Степанце | 58 | 88 | -34,1 |
Орах | 80 | 113 | -29,2 |
Во следниот период ќе следува и анализа за најголемите осум села во Старо Нагоричане.
Во меѓувреме причитајте и за демографската слика на селата во Куманово ТУКА.
Никола Ивановски / фото: Википедија