Едно кумановско село е целосно празно, Черкезе и Романовце со најмногу жители

Сподели со своите пријатели

Кумановски Муабети направи анализа на бројот на жители во сите села во Куманово достапи од податоци на Пописот направен во 2021 година.

Loading...

Селото Д’лга, кое се наоѓа во најјужниот дел на Куманово е целосно ненаселено, покажуваат податоците од пописот спроведен во 2021 година.

Попишувачите на Државниот завод за статистика регистрирале четири куќи во селото, но не и жители.

Од друга страна селата Романовце и Черкези се најнаселените села во Куманово.

Села во Куманово под 20 жители

Селото Д’лга немало жители ни според пописот спроведен во 2002 година, што не е разочарување, во споредба со на пример Кутлибег кое денес има само двајца жители, а пред 21 година имало 13 мештани.

Ако се споредат податоците скоро во сите рурални населени места во кумановско се случил егзодус со текот на годините. Во поголем дел од селските средини бројот на население е повеќе од преполовен.

Едноцифрен број жители има и селото Сушево каде живеат седум луѓе, а има 44 куќи.

Под 20 жители имаат и селата Мургаш, Кокошиње, Зубовце, Пезово, К’шање, Косматац и Живиње, додека Новосељане и Карабичане имаат точно 20 жители.

Loading...

 

Село Попис 2021 Попис 2002 Разлика (во %)
Д’лга 0 0 0
Кутлибег 2 11 -81,8
Сушево 7 34 -67,6
Мургаш 11 63 -82,5
Кокошиње 12 45 -73,3
Зубовце 13 57 -77,1
Пезово 13 53 -75,4
К’шање 15 48 -68,7
Косматац 15 41 -63,4
Живиње 19 46 -58,6
Новосељане 20 46 -56,5
Карабичане 20 43 -53,4
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

 

Села во Куманово од 20 до 100 жители

Во категоријата од 20 до 100 жители има десет села на територијата на Општина Куманово, каде во изминатите 21 година имало помало намалување на населението, споредбено со погоренаведените.

Драстично намален број жители имале селата Винце и Колицко, каде над 60% од населението исчезнало. Така во Винце според последниот попис имало 32 жители, а во Колицко 34.

Следува Габреш со 44 жители, Шупљи Камен со 53, еден жител повеќе имало селото Бељаковце, додека 61 имало во Вак’в.

Во селото Брзак имало 67 мештани, во Јачинце 72, 80 во Кучкарево, а тројца повеќе во селото Довезенце.

 

Село Попис 2021 Попис 2002 Разлика (во %)
Винце 32 90 -64,4
Колицко 34 86 -60,4
Габреш 44 71 -38
Шупљи Камен 53 81 -34,5
Бељаковце 54 64 -15,6
Бак’в 61 108 -43,5
Брзак 67 104 -35,5
Јачинце 72 106 -32
Кучкарево 80 105 -23,8
Довезенце 83 123 -32,5

 

Loading...

Најголем дел од селата имаат меѓу 100 и 1.000 жители

Поголем дел од селата во кумановско имаат меѓу 100 и илјада жители. Меѓу нив како најмало со 105 жители е селото Скачковце, а Бедиње со 898 жители е најголемо населено место во оваа категорија.

Најголемо намалување на населението бележи Долно Којнаре и тоа од рекордни 289,6 отсто помалку жители споредбено со претходниот попис од 2002 година и денеска тука живеат 330 луѓе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

Бедиње кое е една од најстарите населби во Куманово доживеала исто така големо намалување на бројот на жители во последните две децении. Односно таму бројот на жители се намалил за високи 61,4 отсто и денес живеат 898 лица.

Ако се споредат бројките од двата последни пописи може да се забележи дека во Ново Село за еден отсто се зголемил бројот на жители, во Љубодраг за 4,6 отсто, додека во селото Сопот за дури 11,3 отсто.

 

Село Попис 2021 Попис 2002 Разлика (во %)
Скачковце 105 160 -34,3
Градиште 127 192 -33,8
Четирце 165 249 -33,7
Студена Бара 231 344 -32,8
Ново Село 277 274 +1
Орашац 290 387 -25
Долно Којнаре 330 1.286 -289,6
Сопот 354 318 +11,3
Умин Дол 381 442 -13,8
Клечовце 472 573 -17,6
Речица 479 557 -14
Режановце 577 705 -18,1
Пчиња 647 793 -18,4
Љубодраг 718 686 +4,6
Табановце 817 910 -10,2
Агино село 867 965 -11,3
Бедиње 898 2.327 -61,4

 

Села со над 1.000 жители

Селата со над 1.000 жители кои според урбанизацијата денес се веќе и приградски населби ги има вкупно осум.

Во најголемиот дел од нив во последните две децении се случило намалување на бројот на населението, но значително помало во споредба со поруралните подрачја од градот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

Најголемо намалување на бројката на жители бележи селото Проевце каде недостасуваат 43,2 отсто од регистрираното население во 2002 година, додека во селата Биљановце и Доброшане процентот на население дури и се зголемил.

Село Попис 2021 Попис 2002 Разлика (во %)
Горно Којнаре 1.015 1.136 -10,6
Тромеѓа 1.187 1.298 -8,5
Проевце 1.311 2.311 -43,2
Биљановце 1.423 1.231 +15,5
Доброшане 1.889 1.655 +14,1
Лопате 2.063 2.448 -15,7
Романовце 2.566 2.794 -8,1
Черкезе 3.137 3.741 -16,1

 

Приградските населби влегуваат во статистиката со централното подрачје

Пописот на Државниот завод за статистика не дава посебни податоци за населбите Ајдучка Чешма, Јане Сандански, Перо Чичо, Карпош, Гоце Делчев, Зелен Рид и Иго Тричковиќ.

Бројот на население за овие населени места влегува заедно со населението што живее во централното градско подрачје, па не може да се направи споредба поединечно како се движеле бројките во нив.

Податоците од пописот од 2021 година покажуваат дека во градот Куманово (и погоре наведените приградски населби) живееле 75.051 жител.

Ако се земе предвид дека целокупното население на Куманово денес изнесува 98.104 жители, тоа значи дека вкупно 76,5 отсто од населението живее во градот и приградските населби.

Loading...

Според пописот од 2002 година во градот и приградските населби живееле 76.272 жители, но тогаш вкупниот број на население на Куманово изнесувал 103.205.

Никола Ивановски