Седум „пеколни“ години зад нас, Земјата навлегува во „непознат терен“

Сподели со своите пријатели

Последните седум години, од 2015 до 2021 година, најверојатно ќе бидат најтопли откако е измерена температурата на Земјата, објави Светската метеоролошка организација (WMO), предупредувајќи дека планетата влегува во „непознат терен“.

Loading...

Годишниот извештај за состојбата на климата „открил дека нашата планета се менува пред нашите очи“, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

„Од длабочините на океаните до планинските врвови, под немилосрдните ефекти на топењето на глечерите и екстремните метеоролошки феномени на целата планета, исчезнуваат екосистемите и популациите на планетата.

 

 

Конференцијата за климата COP26, која започнала вчера во Глазгов и ќе трае две недели, треба да биде „пресвртница за човештвото и за планетата“, додаде тој во изјавата.

Во првите девет месеци од 2021 година, просечната температура се зголемила за околу 1,09 степени Целзиусови во споредба со прединдустрискиот период.

Loading...

Поради влијанието на феноменот Ел Нињо, кој ја спуштил температурата на почетокот на годината, годинава нема да го собори рекордот, но „најверојатно“ сепак ќе биде меѓу петтото и седмото место.

Така, изминатите седум години повторно би биле најтопли досега. Најжешка е сепак 2016 година.

 

 

Ќе ја преминеме границата од +1,5 степени околу 2030 година

Зголемувањето на просечната температура во последните 20 години (2002 – 2021) првпат го надминува симболичниот праг од +1 Целзиусов степен од средината на 19 век кога луѓето почнале да користат фосилни горива во индустриски размери.

„Фактот дека просекот во последните дваесет години надмина +1 степен Целзиусов ќе влијае на размислувањето на учесниците во COP26 кои се обидуваат да го задржат порастот на температурата во границите поставени со Парискиот договор“, рече Стивен Белчер, британски метеоролог кој учествувал во извештајот.

Loading...

 

 

Главната задача на Парискиот договор е да се намалат емисиите на стакленички гасови, со цел да се ограничи глобалното затоплување на температури многу под +2 Целзиусови степени во споредба со прединдустрискиот период, а ако е можно и до +1,5 Целзиусови степени.

Но, со сегашните трендови, експертите за клима на ОН предупредиле дека границата од +1,5 степени Целзиусови може да се достигне околу 2030 година.

 

 

Loading...

Само во 2021 година, светот беше погоден од екстремни временски услови, топлотни бранови во Северна Америка и јужна Европа, разорни пожари во Канада и Сибир, леден бран во централниот дел на САД, обилни врнежи во Кина и западна Европа и суша што предизвика глад во Мадагаскар.