Израелската морнарица пресретна флотила која пловеше кон Газа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Израелската морнарица почна да пресретнува и заплени бродови на Глобалната флотила Сумуд, кои се обидоа да ја пробијат израелската поморска блокада на Газа, пренесува Ал Џезира.

Според флотилата, пресретнувањето се случило во меѓународните води на Средоземното Море.

АП известува дека израелските сили почнале да запираат бродови во конвојот што тргнал од Мармарис, Турција, и во кој имало повеќе од 50 бродови.

Предупредување на Израел

Израел претходно ги предупреди учесниците на флотилата да го променат курсот и веднаш да се вратат, нарекувајќи ја мисијата „провокација“, објави израелскиот Канал 12, пренесува Ал Џезира.

Организаторите на флотилата претходно објавија дека забележале „сомнителни“ движења на неидентификувани пловни објекти во близина на нивните бродови, набргу откако објавија дека влегле во меѓународни води.

Нова мисија кон Газа

Глобалната флотила Сумуд исплови во четвртокот од турскиот град Мармарис во нов обид да ја пробие блокадата на Газа, која е на сила од 2007 година.

Ројтерс претходно објави дека флотилата повторно испловила од Турција, откако претходните обиди за испорака на помош во Газа беа спречени од израелските пресретнувања во меѓународните води.

Организаторите наведуваат дека нивната цел е да го свртат вниманието на хуманитарната криза во Газа и да се обидат да достават помош до населението во енклавата.

Израел, пак, тврди дека поморската блокада е потребна за да се спречи шверцот на оружје за Хамас.