Се продава куќата во која се уби Курт Кобејн, цената енормно висока

Сподели со своите пријатели

Куќата во која живееја Курт Кобејн и Кортни Лав се продава за 7,5 милиони долари.

Loading...

Парот ја купил куќата во Сиетл во јануари 1994 година за милион и пол долари, каде живеел многу кратко со својата ќерка Франсис Бин Кобејн, сè додека основачот на Нирвана не се самоубил на имотот на 5 април истата година.

Во последните години од животот, Кобејн се бореше со зависности од хероин и депресија, неговата слава и имиџ во јавноста, како и медиумски притисок врз него и неговата сопруга Кортни Лав.

Според официјалното известување од полицијата, смртта е опишана како „самоубиство со самоповредна прострелна рана во главата“. Околностите на неговата смрт станаа предмет на фасцинација и дебата.

Од основањето, со Кобејн како текстописец, Нирвана има продадено повеќе од 25 милиони албуми во САД и над од 50 милиони низ целиот свет.

Познатиот магазин „Ролинг Стоун“ ја рангираше Нирвана на 27-то место меѓу најголемите музички уметници на сите времиња, додека Курт Кобејн беше прогласен за 12-ти гитарист на сите времиња.

Куќата е осум илјади квадратни метри и е на 0,74 хектари земја.

Има четири спални соби и четири купатила, со одвоена гаража и потпорен ѕид што подоцна беше изграден во 1999 година, според извештаите на медиумите.

Loading...

Leave a Reply