Се очекува помасовен егзодус на образованите Руси

Сподели со своите пријатели

Министерството за одбрана на Велика Британија ја објави најновата анализа за Украина, јавува Би-Би-Си.

Loading...

Во него се наведува дека за седум дена откако претседателот Путин најави делумна мобилизација, има значителен егзодус на Руси кои сакаат да избегнат да бидат регрутирани во армијата.

Иако точните бројки сè уште не се објавени, тие веројатно ја надминуваат големината на вкупната инвазивна сила што Русија ја испрати во Украина во февруари 2022 година.

Меѓу оние кои се обидуваат да ја напуштат Русија, има претежно добро ситуирани и образовани млади луѓе, додаваат разузнавачите.

Велат дека сега Русија се соочува со нов проблем.

Во комбинација со мобилизираните резервни единици, домашното економско влијание на намалената достапност на работна сила и забрзувањето на „одливот на мозоци“ веројатно ќе станат сè позначајни, се вели во извештајот на британското разузнавање.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.