Се обидел да украде младенчиња, па гу убиле лавови

Сподели со своите пријатели

Властите во Гана покренаа истрага откако лавови до смрт го убиле човекот кој влегол во нивниот дом во зоолошка градина.

Loading...

Станува збор за средовечен маж кој во неделата се качил на ограда и влегол меѓу лавовите со намера да украде две ретки бели младенчиња кои привлекоа големо внимание од нивното раѓање во ноември минатата година.

Инцидентот се случил во зоолошката градина во Акра, која во меѓувреме е затворена за јавноста.

Лав, лавица и две бели младенчиња беа во заградениот простор.

„Лавовите имаат младенчиња, па мислат дека ќе ги украдете ако се приближите премногу.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трансродова ќерка му одговори на Маск: Не си мој татко, се сеќавам на суровоста, прекорот и карањето

Натрапникот се качил преку две високи огради за да дојде до лавовите, што се покажало како фатална грешка.

Младенчињата потекнуваат од мажјак и женка со рецесивна особина наречена леукизам, која се разликува од албинизмот.

Во дивината постојат само десет бели лавови. Тие се инаку ретки во дивината во Гана, но истражувачите веруваат дека мала популација може да биде присутна во и околу северниот национален парк Мол.

Loading...