Се гаси платформата на биткоин

Сподели со своите пријатели

Повеќе негативни вести донесоа цените на главните криптивалути кои паѓаат и предизвикаа гаснење на Bitconnect.

Bitconnect, платформата за тргување на биткоинот која многумина ја обвинуваат дека функционира на принцип на пирамидална измама објави дека ќе престане со работа.

На Bitconnecta, имено можело да се договори тие да ги преземат инвестициите на корисниците во замена за одреден процент на вложениот капитал. Но, она што предизвика негативен став во јавноста на оваа платформа е т.н. „referral“ политика која мириса на Понзиева шема, па Bitconnect често во медиумите беше етикетиран како измама.

Биткоинот бележи пад од 25 отсто

Loading...

Токму негативниот публицитет е еден од главните причини поради кои оваа услуга се гаси, пишува на нивната страница. Уште една причина се судските писма со предупредување од Тексас и Северна Каролина, како и континуираните DDoS напади кои го дестабилизираат функционирањето на менувачницата.

Платформата за тргување со коини на Bitconnect се гасне, а на корисниците ќе им бидат вратени вложените средства. Оваа плафторма од сега ќе служи само како „wallet“ за оние кои ќе продолжат да ја користат и ќе го нуди својот Bitconnect коин на сите кои сакаат да го купат. По вестите за гаснењето на менувачницата, такви има се помалку, па цената на нивниот БЧ потона за над 90 отсто.

Во меѓувреме се зајакнуваат стравувите во светот како Јужна Кореја и некои други земји како Кина, да можат да тргнат во насока на воведување поголема регулатива над криптовалутите.