Биткоинот бележи пад од 25 отсто

Сподели со своите пријатели

Биткоинот ослабна за 25,1 отсто за само еден ден и падна во вредност под 10.500 долари прв пат од 1. декември минатата година, покажуваат податоците на електронската платформа за криптовалути „Коинмаркетеп“.

Биткоинот е децентрализиран систем засноват на „блокчејн“ технологија, која може да ја емитува секој упчесник и да креира нови блокови системи со помош на компјутери.

Концептот на овој систем прв пат е прикажан во ноември 2008 година.

Кон почетокот на август 2017 година, оваа криптовалута е поделена на класичен биткоин и „биткоин кеш“ поради спорот и новите софтверски унапредувања, кои би требало да го забрзаат процесто на трансакции.