16.04.2015 20:38

СДСМ: Слушнете како во Охрид за избори оперирале и пара полициски структури (видео)


Од градот-бисер на Балканот, јавноста ќе слушне за манипулациите со вистината и злоупотребата на медиумите од страна на власта на Никола Груевски. За парцели во Охрид, коишто се од интерес на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ. За фабрикувани скандали и местенки пред локалните избори, изјави на денешниот прес,  претседателот на Општинската организација на партијата во Охрид Томислав Тунтев.

Јавноста ќе го слушне она што охриѓани добро го знаат. Дека за време на локалните избори во 2013 година, сите државни институции биле злоупотребени за партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ. Дури биле ангажирани и пара полициски структури. Ќе слушнеме и разговори од кои лесно може да се заклучи како власта планира да го затвори поранешниот градоначалник на Охрид. Во првиот сет од два разговори за денес, помеѓу Мартин Протугер и главниот и одговорен уредник на Сител телевизија, Драган Павловиќ Латас, ќе слушнете како и во Охрид, власта си поигрува со човечки судбини. Како се прават местенки и нарачки во провладините медиуми, невин човек, да биде јавно оцрнет и понижен. Протугер, од позиција шеф на кабинет на Никола Груевски, договара на кој начин да се креира наводен скандал за еден директор на средно училиште, само затоа што е поставен од страна на поранешниот градоначалник на Охрид. Дрско, и без проверка на фактите се уништува угледот на еден совесен и семеен човек. Во разговорот ќе слушнете како тој фабрикуван скандал треба да биде застапен во провладините медиуми и како да се организираат протести против директорот. Ќе слушнете и како целата манипулација Протугер сака да ја поврзе со СДСМ. Овој фабрикуван скандал е уште една потврда за манипулациите и злоупотребата на медиумите од страна на власта на Груевски во пред изборниот период, изјави Тунтев.

loading...

© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments