СДСМ повика на сенароден собир закажан за 17 мај (видео)

Сподели со своите пријатели

Во Уставот пишува дека темелните вредности на уставниот поредок се основните слободи и права на човекот и на семејството. Темелна вредност е и владеењето на правото. Со Уставот се гарантира слобода на говорот, слобода на јавното изразување, тајност на комуникациите, честа и достоинството на секој граѓанин и на секое семејство.

Loading...

Со овие зборови, лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев,  од Кавадарци повика на сенароден собир кој ќе се одржи на 17 мај во Скопје. Заев од говорницата се обрати до сите националности и политички партии во Македонија да го подржат опозицискиот протест:

– Сето тоа што го пишува во Уставот, власта е должна да го чува. Наместо тоа, таа го има урнисано. Зарем вака, кога знаеме сè, можеме да молчиме, да шепотиме и ништо да не превзимаме? Зарем не сме свесни дека сега сме сите сведоци на тоа што се случувало во Макеоднија? Денеска сите можеме да потврдиме колкаво зло и злосторничка банда владее во нашата земја. Зарем не се прашуваме, ако не преземеме нешто, нема ли утре или задутре да не прашаат нашите деца и внуци што правевте, зарем не бевте сведоци, зошто молчевте? Што ќе им кажеме? Ќе можеме ли да продолжиме да живееме? Не, почитувани граѓани. Ред е заедно со народот да ја завршиме работата. Заедно, рамо до рамо, без било какви предрасуди, партиски, етнички или верски, да застанеме и да си ја одбраниме државата од пропаѓање. И затоа, во името на Уставот и законите, во името на се поголемото мнозинство граѓани во нашата земја, ве повикувам сите да го заштитиме Уставот и суверенитетот на Република Македонија. Ја користам приликата да ве повикам сите, целиот наш народ, сите кои знаат дека е вистинско време за преземање чекори. Ве повикувам, наш народе, и Македонци, и Албанци, и Турци, и Срби, и Роми, и Бошњаци, и Власи, Ве повикувам сите, политички партии, здруженија на граѓани, земјоделци, работници, лекари, професори, наставници, Ве повикувам, сите граѓани, на голем сенароден протест во недела, на 17-ти мај, во главниот град на Република Македонија. Ве повикувам сите, под знамето на Македонија заедно за Македонија, за слобода на Македонија, изјави Заев.

 

Leave a Reply