СДСМ Куманово: Викенд без ДДВ кај граѓаните ќе врати 17 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Претстојниот викенд без ДДВ кај граѓаните ќе врати 17 милиони евра со повратот на данокот на додадена вредност, рече денеска на прес конференција портпаролот на Општинската организација на СДСМ Куманово, Катерина Пешиќ Бошковска.

Loading...

Пешиќ Бошковска го најави четвртиот пакет мерки за справување со коронакризата и како што истакна, преку мерките вкупно 470 милиони евра буџетски средства ќе завршат како диреткна помош кај граѓаните и компаниите.

– Со новиот сет мерки, го надоградуваме успешниот проект за поврат на ДДВ кон физички лица. Овој викенд од 10 до12 октомври ќе биде викенд без ДДВ. 350.000 граѓани, веќе постоечки корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, за време на продолжениот викенд на 10-11-12 октомври можат да купуваат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари и во рок од неколку дена ќе го добијат назад на своите сметки целиот ДДВ, изјави портпаролот Пешиќ Бошковска.

Како што појасни таа, се проценува дека за викендов ќе се оствари промет од 170 милиони евра, пари кои ќе бидат инјекција за стопанството, додека кај граѓаните директно ќе се вратат 17 милиони евра.

– Досега, за една година преку оваа мерка веќе се вратени над 11 милиони евра кај граѓаните. Го зголемуваме и опфатот на корисници на домашни платежни картички за уште поголемо поттикнување на приватната потрошувачка. Со новиот пакет економски мерки, платежни картички со износ од 6.000 денари ќе добијат над 5.700 самохрани родители, над 180.000 пензионери со пензии до 15.000 денари, невработени лица кои се пасивни баратели на работа, самостојни уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници, појасни Пешиќ Бошковска.

Таа додадека дека дополнителни 540 студенти ќе добијат картички „Купувам домашно“, како и граѓаните над 64 години, кои немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.

– Вкупно, со оваа мерка се опфаќаат над 283.000 наши сограѓани, а нејзината вредност изнесува 27,6 милиони евра. Во период на сериозна глобална здравствена и економска криза, државата застанува зад секој поединец, зад секој приватен субјект кој е погоден од негативите последици. Покажавме и покажуваме дека никој не е сам. Владата предводена од СДСМ ќе помага уште повеќе, за да биде уште подобро за сите, изјави Пешиќ Бошковска.

Таа им го честиташе и претстојниот празник „11 Октомври“ на граѓаните на Куманово, а воедно информираше дека владиниот врв ќе присуствува на прославата на Спомен Костурница во недела.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply