Владиниот врв во Куманово за „11 Октомври“

Сподели со своите пријатели

Централното одбележување на празникот „11 Октомври“ во недела ќе се одржи на Спомен Костурница во Куманово со почеток во 11 часот.

Loading...

Владиниот врв предводен од премиерот Зоран Ѐаев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со општинската делегација предводена од градоначалникот Максим Димитриевски, во недела ќе се обрати на настанот, информираше денеска портпаролот на СДСМ Куманово Катерина Пешиќ Бошковска.

– Оваа прилика ја користам во мое лично име и од името на ОО СДСМ Куманово да ви го честитам претстојниот празник 11 Октомври – денот на народното востание на македонскиот народ. По тој повод во недела на Споменик Костурница со почеток во 11 часот , согласно протоколите и мерките за заштита, свежо цвеќе ќе положат владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и општинска делегација предводена од  градоначалникот Максим Димитриевски, изјави Пешиќ Бошковска.

И минатата година централната манифестација беше во Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply