Сцена од филмот на автопат: Душеците почнале да паѓаат од камионот, возачите шокирани (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Застрашувачка сцена е снимена неодамна на автопат недалеку од Лондон кога метална врата на камион се скршила, фрлајќи повеќе од 20 душеци на патот. Во инцидентот нема повредени, но автомобилите што поминувале морале нагло да свртат во други ленти за да не паднат душеците на патот.

Loading...

– Морав да преминам на друга лента за да ги избегнам. Ова многу лесно можеше да се претвори во несреќа – рекол еден возач, пренесува The Sun.

Имено, ова е втор ваков инцидент за една недела – минатиот четврток исто така беше затворен автопатот бидејќи од еден камион се излеале 200 литри дизел.