Сара од Куманово е прогласена за студент на година во САД (видео)

Сподели со своите пријатели

Сара во САД студира ударни инструменти со стекната диплома за „outstanding student“, односно беше прогласена за еден од најдобрите студенти со најдобри оцени што беше и повод да одделиме простор и време за нејзина промоција.

Loading...

Кажи ни нешто за себе, Сара…

Основно образование завршив во родниот град, со продолжување на образованието во СМУ ”Илија Николовски – Луј” во Скопје во период од две години, од каде со помош на стипендија се префрлив во едно од најдобрите музички училишта во светот, познато како  „Interlochen”

Кога ти се роди љубовта кон музиката и колку време се занимаваш со музика?

Љубовта кон музиката ми се роди уште од мали нозе, кога имав 3 години. Татко ми, кој е тапанар секогаш беше мојот музички идол, па како времето минуваше, покрај него јас сѐ повеќе и повеќе запловував во музичките води, сѐ до ден денес, односно, вкупно петнаесет години, од кои 6 години како професионален перкусионист.

11063084_10206026278600531_2101460311_n1-620x264

Како ја доби шансата за студирање на една од најелитните музички академии во светот?

– Шансата искрено зборено ја добив покрај сестра ми Драгана Симоновска. Таа дозна за Интерлокен и беше наградена со целосна стипендија да учи хорна, додека јас сѐ уште бев во основно образование. После неколку години јас аплицирав и добив исто така целосна стипендија од 56.000 долари да студирам classical percussion. Моите оценки мораа да бидат добри, а мојата интерпретација мораше да биде над ниво. Покрај 6 – часовно вежбање, го остварив мојот сон да учам во едно од најдобрите училишта во светот.

Loading...

Што најмногу ти недостига од Македонија и твојот роден град, Куманово?

Најмногу ми недостига храната. Искрено! Преголем љубител сум на нашата македонска традиционална кујна. Секако ми недостигаат моите родители, роднини и пријатели, и моето прекрасно Леси. Исто така ми недостигаат и долгите прошетки со блиските и саканите.

Дали е тешко да се интегрираш во ново општество?

Да, тешко е. Без ралика во колку подобро и побогато општество си, се доградуваш како човек покрај луѓе од други нации со различни навики, а навикнат си на нешто поинаку. Тогаш започнува првата стаза од носталгијата.

thumbnails

Какво е чувство да се биде најдобар студент во странство?

Преубаво. Горда сум кога ќе кажам дека сум од Македонија. Луѓето те знаат и се обидуваат да те искачат уште на поголемо ниво кога ќе воочат дека се трудиш, а си Интернационалец. Исто, многу е полесно да стапиш во контакт и со други Македонци што работат, живеат или студираат во Америка. Се слушаат вестите брзо, дури и овде.

Loading...

Кои се твоите идни планови на полето на професионалниот живот?

Плановите се големи. Сега за сега се трудам да достигнам уште една диплома за надпросечен ученик, а ова лето ќе бидне лето за одмор после напорната година. Во ноември ме очекува солистички концерт со Jacksonville Wind Ensemble Orchestra и меѓународен натпревар. После факултетот,  планирам да посетувам  Мастерс на Juilliard, каде што веќе бев прифатена за undergraduate student. Има време, времето ќе донесе сѐ.

Дали планираш да продолжиш да живееш во Америка или сакаш да се вратиш во Македонија?

Сѐ уште не сум донела стабилна одлука. Во Македонија, со професија како мојата нема просперитет, така да тоа е битен дел за кој што сакам да останам тука, но сепак срцето е каде што е домот, нели?

Сара го поздрави Куманово со зборовите:

Кумановци, ми смо најбољи, куде и да смо…

https://www.youtube.com/watch?v=zmM2V2RZXTo

Leave a Reply