Само претпладнево казнети 84 возачи во Куманово кои возеле пребрзо

Сподели со своите пријатели

Вкупно 84 казни напишала полицијата во текот на денешното претпладне поради возење со брзина над дозволената на територијата на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Loading...

– Денеска (27.06.) во периодот од 09 до 14 часот на подрачјето на СВР Куманово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 84 возачи, информираат од полицијата.

Засилените сообраќајни контроли, појаснуваат од СВР Куманово, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски

Leave a Reply