Само еден кумановец го прекршил полицискиот час ноќва

Сподели со своите пријатели

Само еден кумановец ја прекршил забраната за движење во текот на изминатото деноноќие, додека на 22 лица им се издадени решенија за самоизолација.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на Полициска станица од општа надлежност Куманово за периодот (14/15.04) по однос на забраната за движење евидентирано е едно лице кое не ја почитувало забраната за движење и истото е лишено од слобода, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Според статистичките податоци на кумановската полиција, за изминатото деноноќие на 22 лица им се издадени решенија за изолација, при што во овој момент 80 лица се во изолација.

Шеснаесет лица лица потпишале изјави за самоизолација, а во овој момент во самоизолација се вкупно 49 лица.

Никола Ивановски

Leave a Reply