Самитот ЕУ – Украина во петок во Киев

Сподели со своите пријатели

Украина и Европската унија во петок ќе одржат самит во Киев, кој украинската влада го нарече „силна порака“ испратена до Москва речиси една година по почетокот на руската инвазија.

Loading...

Руската армија, која беше во офанзива во последните неколку дена, во вторникот тврдеше дека зазела село во близина на Бахмут, кое е жешка точка во борбите во источна Украина.

Средбата на самитот со дваесет и седумте е важна пресвртница, неколку месеци откако Киев го доби официјалниот кандидатски статус за ЕУ.

Во својот говор во вторникот вечерта, претседателот Володимир Зеленски изрази надеж дека самитот ќе го потврди високото „ниво на соработка и напредок“ со ЕУ.

– Очекуваме нови вести за Украина, рече тој.

– Фактот што самитот се одржува во Киев е силна порака испратена до нашите партнери, но и до нашите непријатели, истакна претходно премиерот Денис Шмихал, велејќи дека „од самитот очекува позитивна привремена оценка за нашите напори за европска интеграција“.

Дводневниот состанок на самитот треба да ја поттикне „Европа да верува во победата на Украина“, посочи тој.

Состанокот доаѓа неколку дена откако Западот, по долго одложување, одобри испраќање тешки тенкови на украинската армија.

Loading...

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба рече дека Украина очекува „120 до 140“ западни тенкови да ја потиснат руската армија.

Ова е првпат Киев да го открие бројот на тешки модерни оклопни возила што му ги ветиле неговите западни сојузници.

Руските сили на теренот се решени да преземат иницијатива, по поразите што ги натераа да се повлечат на североистокот и југот на земјата наесен.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.