Сакала да го смири детето, па поради овој потег станала мета на критики (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Маријана Родригез Канту (26), мексиканска инфлуенсерка и сопруга на гувернерот на Новиот Леон, Самуел Гарсија, често беше критикувана дека ја преувеличува својата активност на социјалните мрежи, а оваа недела објави уште едно видео кое предизвика контроверзии и лавина од коментари.

Loading...

Бидејќи нејзиното дете сакало да и го привлече вниманието правејќи врева со играчка, а потоа врескала, Маријана прво го замолчила со прстот, а потоа му викала на детето и продолжила да зборува на телефон.

Корисниците на социјалните мрежи ја опишаа како нервозна и нетолерантна личност, а некои отидоа дотаму што ја окарактеризираа како лоша мајка.

„Госпоѓо, престанете да се однесувате како грижлива мајка, ова видео кажува се за вас“, „Очигледно добро се однесува со децата само кога и треба публицитет“, се само дел од коментарите.