Сакал да оди во тоалет на летот, па предизвикал паника во авионот

Сподели со своите пријатели

Еден патник во авионот на летот Њу Делхи – Патна предизвикал паника среде лет откако се обидел да ги отвори вратата на леталото, мислејќи дека таму е тоалетот, соопштува индиската авио компанија „GoEr“.

Мажот патува од Њу Делхи за градот Патна минатиот викенд, кога се обидел да ги отвори излезните позадински врата, миселјќи дека може тука да оди во тоалет.

– Втор патник го извести екипажот, кој го спречи патникот, се наведува во соопштението, а пренесува АФП.

Медиумите во Индија јавуваат дека се работи за момче на возраст околу 20 години кое прв пат патувало со авион.

Кога останатите патници прашале што се обидува да направи, тој рекол дека итно му е потребен тоалет и продолжил да ги отвора вратите.

ЧУВА 1.000 ЗМИИ: Од нив прави вино кое го пие целото село (видео)

Loading...

– Дојде до метеж и патниците го совладаа и предадоа на екипажот, рекол службеник од аеродромот.

Авионот безбедно пристигнал на својата дестинациј, а момчето е предадено поради понатамошна истрага.

Портпаролот на компанијата рекол дека момчето секако не можело да ги отвори вратите поради воздушниот притисок во кабината.

Leave a Reply