Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба поради пандемијата на коронавирус.
Американскиот лидер објасни дека ова ќе овозможи да се издвојат „до 50 милијарди долари“ за борба против коронавирусот.
Трамп рече дека Министерството за здравство ќе добие нови овластувања за борба против епидемијата.
Како патниците во авионот да се заштитат од коронавирусот?
„Ние нема да жалиме за никакви ресурси, апсолутно ништо“, рече Трамп за време на говорот во Белата куќа.
Нов метод на дијагностицирање
„Американските власти предложија нов метод за дијагностицирање на коронавируси“, рече Дебора Беркс, координатор за борбата против коронавирусот во американската администрација.
– Со поддршка на Google, создадовме тест-страница каде клиентите, пациентите и сите заинтересирани можат да пополнат прашалник – објасни таа.
Airbnb: Можете да откажете резервација и да добиете целосно враќање на парите
Како што истакна таа, прашалникот ќе покаже дали некое лице има симптоми на коронавирус. Во случај на позитивен резултат, можат да го преземат тестот.
– Тогаш од нив ќе биде побарано да дојдат и да го земат тестот „неизлегувајќи од возилото“, ќе има таква опција. Потоа лабораториите ќе применат автоматски систем за обработка на големи количини на податоци за да дадат резултати во рок од 24-36 часа – додаде таа.
Американските власти продолжуваат да ги затвораат образовните институции, да воведат забрана за одржување настани и собири со голем број луѓе, а многу конференции се одржуваат на интернет.
Вработените во Гугл, Фејсбук, Амазон и Мајкрософт работат од дома
Режимот за итни случаи ќе му овозможи на Претседателската администрација на САД оперативно да ги распореди потребните ресурси за борба против вирусот во сите американски држави.
Според најновите информации, бројот на пациенти со коронавирус во Соединетите Американски Држави надмина 1.600 лица. Сепак, се сомнева дека многу други се заболни.
Досега, помалку од 10.000 тестови на коронавирус се направени во Америка.