Вработените во Гугл, Фејсбук, Амазон и Мајкрософт работат од дома

Сподели со своите пријатели

Амазон, Фејсбук, и Мајкрософт ги охрабруваат вработените во Сиетл да работат од дома во врска со загриженоста за коронавирусот, додека епидемијата расте низ целиот свет.

Loading...

Корпорацијата Алфабет, која е сопствнеик на Гугл, го стори истото со своите вработени.

„Наредбата“ се однесува на скоро сите 100.000 вработени во 11 канцеларии низ САД и Канада.

Корпорацијата Алфабет е последна во голем број компании што ја донесоа оваа одлука, бидејќи бројот на инфекции со коронавирус се зголеми на скоро 1.000.

Канцелариите ќе останат отворени само за вработените чии работни места бараат нивно присуство на работното место.

Во текот на изминатата недела, Гугл, Амазон, Мајкрософт и Фејсбук, им препорачаа на вработените во Сиетл да работат од дома бидејќи коронавирусот се шири во државата Вашингтон.

Во компаниите Амазон и Фејсбук веќе има случаи на заразени со коронавирус, а бројот на засегнатите лица се зголемува низ цела Америка.

Се огласи и Твитер од каде велат дека исто така ги замолиле своите вработени да работат од дома.

Loading...

„Ги известивме нашите вработени и ги следиме советите на службениците за јавно здравје да им се даде приоритет на сите и на здравјето“, се вели во соопштението на портпаролот на „Фејсбук“.

„Ние соработуваме тесно со локалните власти за јавното здравје за да им ја обезбедиме потребната поддршка на нашите колеги и нивните колеги“, рече портпаролот на „Мајкрософт“.

Leave a Reply