САД ќе испратат уште 300 милиони долари оружје во Украина

Loading...
Сподели со своите пријатели

Американското Министерство за одбрана (Пентагон) објави дека ќе и даде на Украина оружје во вредност од уште 300 милиони долари.

Новиот одбранбен пакет ќе вклучува различни дронови, ракетни системи, оклопни возила, муниција, безбедни комуникациски системи, митралези, медицински материјали и слично.

 

Црвениот крст денеска подготвува нова евакуација на цивили од Мариупол

 

Американската влада веќе вети 1,65 милијарди долари помош за Украина од почетокот на рускиот напад на 24 февруари. Од почетокот на минатата година американската помош изнесуваше вкупно 2,3 милијарди долари.

Нова пратка оружје нема да дојде наскоро бидејќи најавата не се однесува на оружје и системи кои веќе ги поседуваат американските власти, туку на нарачка од производителот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се шири нереална снимка од редок феномен: Небото се затемни, а капачите останаа во чудо (ВИДЕО)

 

Loading...

САД повторно го откажаа тестирањето на балистичка ракета

 

– Оваа објава претставува почеток на процесот на склучување договори со цел да се овозможат нови капацитети на украинските вооружени сили – соопшти Пентагон.