САД денеска ќе објават нов пакет воена помош за Украина

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави денеска ќе објават нов пакет воена помош за Украина во вредност од околу 400 милиони долари, кој вклучува главно муниција, изјавија двајца неименувани официјални лица.

Loading...

Се очекува помошта за Украина да биде главна тема на денешната средба меѓу американскиот претседател Џозеф Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц во Белата куќа, објави Ројтерс.

Изворите наведоа дека новиот пакет американска помош за Украина содржи повеќе ракети GMLRS за лансери HIMARS, муниција за борбени возила Бредли, како и мостови за лансирање на оклопни возила.

Опремата ќе биде финансирана од претседателски фондови или ќе биде испорачана од американските залихи без одобрение од Конгресот како одговор на вонредна состојба, објави Ројтерс.

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби претходно на брифингот не ја откри вредноста на новиот пакет воена помош за Киев, велејќи дека наскоро ќе бидат објавени повеќе детали.

Соединетите Американски Држави ја навестија можноста за воведување нови санкции против Кина доколку Пекинг и обезбеди воена поддршка на Русија, објави во средата британската агенција.

Кирби рече дека на оваа тема може да се разговара и на денешната средба меѓу Бајден и Шолц.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...