Руте: Експлозијата во Полска немаше да се случи без руските ракетни напади

Сподели со своите пријатели

Смртоносната експлозија на проектил на територијата на Полска вчера „немаше да се случи без страшните руски ракетни напади врз Украина“, објави утринава на Твитер холандскиот премиер Марк Руте.

Loading...

Руте објави фотографија од лидерите на групата Г7, која ги обединува најмоќните светски економии, кои се сретнаа со лидерите на неколку земји од НАТО во рамките на самитот на Г20 на Бали.

По тој повод разговарале за инцидентот во Полска. Тој најави дека лидерите се „обединети во пораката дека прво мора да ги утврдиме фактите“, поради што „ја поддржуваат истрагата што ја води Полска“.

„Едно е јасно: ова немаше да се случи ако не беа ужасните ракетни напади на Русија врз Украина. Ние продолжуваме да ја поддржуваме Украина во нејзината одбрана од руската агресија“, додаде тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан: Проширување на санкциите на ЕУ за руски гас би имало трагични последици

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.