Руските сили гаѓаа објект за жито во Одеса со суперсонични ракети

Сподели со своите пријатели

Руските сили во текот на ноќта извршија напад со суперсонични противбродски ракети од типот „Оникс“ врз јужниот украински регион Одеса, при што е оштетена инфраструктурата на пристаништето, соопштија утрово украинските власти.

Loading...

Гувернерот Олех Кипер изјави дека четири лица се ранети во нападот, кој погодил сместувачки капацитет и објект за жито во близина на пристаништето, пренесе Ројтерс.

Украинската војска соопшти дека нападот вклучувал суперсонични ракети Оникс истрелани од Крим, полуостров припоен од Русија.

Погодени се зградата за гости во рекреативниот простор и пристанишниот магацин за жито, соопшти украинската армија.

Фрагменти од ракетата и експлозивниот бран предизвикале пожар во гаражата, оштетени се и неколку станбени објекти.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.