Руски туристи имале налепница Z на автомобилот, луѓето за малку ќе ги линчуваа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Вознемирен руски турист снимил видео на кое се гледа како биле пречекани од жителите на Казахстан откако виделе налепница со буквата Z на нивните возила.

Loading...

„Ние сме Руси, а ова е одморалиштето Засиби, каде не пречекаа на многу непријатен начин. Го видоа знакот „Z“ на задниот дел од нашиот автомобил и потоа нè „наклеветија“ – дека сме фашисти, дека ја нападнавме Украина. Возачот на оваа возило ни рече дека не сме добредојдени овде“, вели Русинот во видеото објавено на каналот Телеграм.

На видеото се гледа како Казахстанец му вели на руски турист дека е фашист и дека би било подобро да ја напушти земјата.

Инаку, буквите Z и V се пропагандни симболи на руската инвазија на Украина, која некои земји ја забранија, но не и Казахстан.

 

 

 

Меѓутоа, некои Казахстанци повикале полиција кога ја виделе буквата „Z“ на автомобилите, по што сопственикот на автомобилот бил казнет „за прекршување на правилата за користење возила“.

Loading...

„Отстранете ја буквата „Z“, можете да ја вратите кога ќе се вратите во Русија. Никој нема да ви каже ништо таму. Денеска има налепница со буквата Z, а утре ќе дојдеш во мојата земја со тенк“, се слуша како мажот му кажува на возачот.

Како што пишува RSE, по овој непријатен разговор, возачот се согласил да ја отстрани налепницата.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.