Руски град кој ќе биде хит дестинација за 2020 година

Сподели со своите пријатели

„TripAdvisor“ објави список на дестинации во развој, според оценките на патниците – а доколку се суди според ова, руски град ќе биде хит дестинација за оваа година!

Loading...

TripAdvisor за дестинации во развој ги смета оние што „паметните патници“ планираат да ги посетат оваа година и ќе бидат многу популарни.

Скриени места на познати дестинации: Од клуб во Дизниленд до Ајфелова соба

Според гласовите на патниците, изгледа дека хит дестинација годинава ќе биде рускиот Калининград.

На второ место е Саранда (Албанија), а потоа следат Бејрут (Либан), Луксор (Египет) и Науса (Грција).

„TripAdvisor“ пишува за победникот, Калининград, како „неверојатен град каде културата и архитектурата на Источна Европа и Русија се вклопуваат како на ниту едно друго место“.

5 проколнати места во Европа, дел од нив дури забранети за посетителите

Оваа страница објави и список на врвни трендинг дестинации, односно дестинации со најголем пораст на позитивни коментари и оценки во изминатата година.

Loading...

Како највисока трендерска дестинација беше прогласена Кочи во Индија, а потоа следуваше Лузон на Филипините, Порто (Португалија) на третото место, па Порто Сегуро во Бразил, а потоа следуваше бразилскиот Грамадо, Ломбок во Индонезија, Да Нанг во Виентиан, на осмото место беше грчкиот Закинтос и деветтата и десеттата позиција се Тел Авив (Израел) и Краков (Полска).

Leave a Reply