Руската рубља зајакна во однос на доларот

Сподели со своите пријатели

Руската рубља денеска закрепна и зајакна откако падна на еднонеделното ниско ниво во однос на доларот.

Loading...

Рубљата, сепак, продолжи да „се движи“ во релативно тесен опсег додека извозниците се подготвуваат да платат даноци на крајот на месецот, објави Ројтерс.

На берзата во 07:31 часот рубљата е посилна за 0,2 отсто во однос на доларот, пренесува Танјуг.

Рубљата е под надворешен притисок откако на почетокот на декември стапи на сила западното ограничување на цената на руската нафта, заедно со ембаргото на Европската унија за извозот на руската нафта, што ја принуди Москва да продава со попуст.

Аналитичарите на „Велес Капитал“ наведуваат дека рубљата ќе продолжи со „латерално“ движење на топ листите.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.