Руска делегација предводена од министерот за природни ресурси Александар Козлов е во посета на Северна Кореја, објавија денеска државните севернокорејски медиуми.
Делегацијата вчера пристигна во Пјонгјанг на разговори за „соработка на полето на трговијата, економијата, науката и технологијата“, пренесе КЦНА.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен неодамна изјави дека врските меѓу Пјонгјанг и Москва се „растечки и опасни“, исто така, повикувајќи го Пекинг да влијае на Северна Кореја.
Јужна Кореја го обвини Пјонгјанг дека и доставил повеќе од милион артилериски гранати на Москва за нејзината војна против Украина.
Од друга страна, се верува дека Северна Кореја имала корист од руската експертиза во воената сателитска технологија.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.