Русинка со најдолги нозе влезе во Гинисова книга на рекорди (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Екатерина Лисина долго време ја носела титулата за жена со најдолги нозе во светот, од неверојатни 133 сантиметри. Кога на тоа ќе се додаде дека е висока 205 сантиметри, не е чудно што извесно време играла кошарка.

Loading...

 

 

Играла за клубовите ЦСКА и Спартак, а со репрезентацијата на Русија ја освоила  олимписката бронза во Пекинг во 2008 година, европското злато во Италија во 2007 година и светското сребро во Бразил во 2006 година.

Таа ја завршила кариерата во 2014 година на само 27 години. Она што ја разликува од другите кошаркари е должината на нејзините нозе. Имено, нејзините нозе се долги дури 133 сантиметри. Нејзинато стапало  е долго 30,5 сантиметри, а бројот на стапалата е 47.

 

Loading...

 

По кратката спортска кариера, таа започнала во светот на манекенството и отворила агенција специјализирана за високи модели, а исто така била многу активна на социјалните мрежи каде има милиони следбеници и каде објавува интересни видеа кои најчесто се вртат околу нејзината висина.

Таа е сопственик на најдолгите нозе до минатата година, но титулата и за зела младата Американка . Мејси Карин (18) е тинејџерка од Седар Парк, Тексас, која во 2020 година официјално станала женска личност со најдолги нозе на светот – едната нога и е долга 134,3 сантиметри, а другата 135,2 сантиметри.

 

 

Американката соборила 2 рекорди – жена со најдолги нозе и тинејџерка. Мејси се обидува да се занимава и со манекенство, а висока е 208,3 сантиметри.

 

Loading...