Русија започна нов бран напади врз Бахмут: Вагнер тврди едно, Зеленски друго

Сподели со своите пријатели

Основачот на паравоената формација „Вагнер груп“, Евгениј Пригожин, која моментално се бори во Украина, тврди дека целиот источен дел на градот Бахмут е под руска контрола.

Loading...

Сепак, иако Пригожин тврди дека целиот источен дел е под руски војници, на оваа тема се водат силни дискусии.

Битката во Бахмут привлече светско внимание, а иако се зборуваше за повлекување на украинските војници од овие простори, тоа досега не се случи.

Според досегашните податоци, нема најава дека такво нешто ќе се случи, но она што привлече големо внимание во јавноста е фактот што „Вагнер групата“ постави црно знаме на споменикот од Втората светска војна во Бахмут.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот Конгрес одобри милијарди долари помош за Украина

Се чини дека украинската војска ќе го држи овој град до последен момент, како и досега.

За разлика од Херсон, Балаклија, Изум, Лиман и Купјанск, од кои побегнаа Русите, Украинците не го оставаат Бахмут без жесток отпор.

 

Loading...

 

Да потсетиме, неодамна беше објавено дека доколку падне Бахмут може да се отвори патот на Русите за освојување и други градови во западниот дел на Доњецк.

Сепак, некои аналитичари наведуваат дека важноста на Бахмут е повеќе симболична отколку стратешка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Захарова: Поради воените вежби на НАТО во Финска зголемен ризик од потенцијални воени инциденти

„Доколку го заземат Бахмут, руските сили ќе имаат отворен пат кон клучните градови на истокот на Украина“, изјави Зеленски за Си-Ен-Ен.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.