Русија: Шведска крие нешто во врска со експлозиите на „Северен поток“.

Сподели со своите пријатели

Руските власти денеска ја обвинија Шведска дека крие информации за истрагата за експлозиите што ги оштетија гасоводите „Северен тек“ минатата година.

Loading...

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Русија има право да ги знае деталите од истрагата и дека е збунета од одбивањето на Шведска да соработува со руските обвинители.

Имено, Москва му предложи на Стокхолм покренување заедничка истрага за експлозиите, но Шведска и Данска го одбија тој предлог.

Захарова сугерираше дека зад таа одлука има скриени причини.

„Можеби, по спроведувањето на истрагата, руските истражители би можеле да дојдат до незгоден заклучок за тоа кој ја извршил саботажата. За тоа кој ја смислил и ја извршил. Шведска крие што точно открила во текот на истрагата“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, како што објави The Guardian.