Русија регрутира доброволци за војната низ затворите

Сподели со своите пријатели

Руските затвори регрутираат доброволци да се борат во Украина, а за возврат добиваат ветување за слобода, тврдат руските активисти.

Loading...

Осомничените и приведените се регрутираат со ветување дека во замена ќе добијат слобода или прекин на казната, рече Олга Романова, руска активистка со адреса во Берлин, наведувајќи примери од затворите во московскиот регион.

„Но, мислам дека почна секаде“, вели Романова, експерт за правата на затворениците во нејзината татковина.

Москва зависи од доброволци бидејќи сѐ уште не е започната општата мобилизација за војната во Украина.

Фактот дека во многу делови на Русија властите објавуваат огласи за учество во војната покажува дека руската армија веројатно има недостиг од жива сила, пишува dpa.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

 Руските градови и региони во моментов формираат свои баталјони.

Во рускиот судски систем, речиси сите обвиненија резултираат со осуда, што значи дека на осомничените им се нуди избор помеѓу одење во затвор или војна.

Основачот на порталот Гулага.нет, проект чија цел е борба против насилството во руските затвори, го потврди таквото регрутирање низ Русија.

Loading...

Доказ за таквата практика доаѓа од Санкт Петербург, Рјазан, Твер и Брјанск, изјави Владимир Осечкин.

За регрутирање во затворите од јули пишува и рускиот медиум Медуза, кој тврди дека тоа го врши платеничката војска на Вагнер.

На затворениците, наводно, им се нуди месечна плата од 100.000 рубљи (околу 1.600 долари), како додаток на надоместоци, исплати на семејствата во случај на смрт и амнестија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  РУСИЈА: Осомничениот за експлозија на автомобилот признал дека соработувал со украинските служби

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.