Русија повеќе нема да издава пасоши на мобилизираните

Сподели со своите пријатели

Русија повеќе нема да издава пасоши на граѓаните мобилизирани од армијата, се наведува денеска на информативната веб-страница на руската влада.

Loading...

„Доколку граѓанин веќе бил повикан на воена служба или добил покана (за мобилизација или регрутација), ќе му биде одбиен меѓународниот пасош“, се наведува на веб-страницата.

Одука беше објавено бидејќи десетици илјади луѓе веќе побегнаа во странство.

Указот за делумна мобилизација беше издаден од претседателот на Русија, Владимир Путин, на 21 септември.

Откако беше најавена мобилизацијата, беа организирани демонстрации каде се уапсени неколку илјади луѓе.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“