Русија објави дека пресретнала 35 украински дронови над Крим и Азовското Море

Сподели со своите пријатели

Руските власти денеска соопштија дека неутрализирале 35 украински беспилотни летала над анектираниот црноморски полуостров Крим и Азовското Море.

Loading...

„Обидот на украинскиот режим да изврши терористички напад со помош на беспилотни летала минатата ноќ е спречен“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Се додава дека „22 украински беспилотни летала се уништени, а 13 се пресретнати“ над Азовското Море и Крим.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По Куба, Лавров пристигна и во Венецуела