Русија ја предупреди Америка за целосен прекин на односите

Сподели со своите пријатели

Москва го предупреди Вашингтон дека евентуалното вклучување на Русија на списокот на земји кои го спонзорираат тероризмот, од дипломатска страна, ќе биде точка од која нема враќање и ќе предизвика тотален прекин на односите меѓу двете земји, објави денеска „Гардијан“.

Loading...

Директорот на Одделот за Северна Америка во Министерството за надворешни работи на Русија, Александар Дарчиев се осврна на иницијативата во американскиот Конгрес Русија да се прогласи за „спонзор на тероризмот“.

„Доколку биде усвоен, тоа би значело дека Вашингтон би ја преминал точката од која нема враќање, со многу сериозна колатерална штета на билатералните дипломатски односи, кои би биле драстично намалени или дури и прекинати. Американската страна е предупредена“, изјави Дарчиев за ТАС С.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина ги отфрли обвинувањата дека економски ја поддржува руската инвазија на Украина

Секое можно американско одземање на руски имот целосно ќе ги уништи билатералните односи меѓу Москва и Вашингтон, рече Дарчиев, пренесе Танјуг.

„Ги предупредуваме Американците на штетните последици од таквите дејствија, кои трајно ќе ги нарушат билатералните односи, што не е ниту во наш ниту во нивен интерес“, рече тој.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.