Русија изврши артилериски и воздушни напади во Запорожје

Сподели со своите пријатели

Русија изврши артилериски и воздушни напади во областа Запорожје, соопшти во вторникот украинскиот Генералштаб, каде борбите во близина на најголемата нуклеарна централа во Европа ги зголемија стравувањата од катастрофален нуклеарен инцидент.

Loading...

Нападите беа извршени пред Денот на независноста на Украина во среда. Киев ги забрани јавните прослави поради заканата од нови руски напади, пренесува АФП.

Амбасадата на САД во Киев, исто така, предупреди во соопштението за руските планови за напад на цивилна и владина инфраструктура во наредните денови.

Во близина на линиите на фронтот на југот на земјата, според украинската страна, Русија извршила артилериски и воздушни напади во неколку градови во областа Запорожје.

Во областа, руските сили зазедоа нуклеарна централа набргу по инвазијата на 24 февруари.

По артилериско и ракетно истрелување во близина на комплексот нуклеарни реактори Запорожје, на јужниот брег на реката Днепар, имаше повици за демилитаризација на таа област.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.