Руски проектили беа насочени кон повеќе од 40 украински градови и населени места, изјавија денеска официјални претставници, откако Генералното собрание на ОН ја нарече анексија на украинска територија од Москва „незаконски“ во резолуција и сојузниците на Украина ветија поголема помош.
Русија го повтори својот став дека Западот, помагајќи ѝ на Украина, покажа дека е „директна страна во конфликтот“ и предупреди дека прифаќањето на Украина во НАТО може да предизвика трета светска војна.
„Киев добро знае дека таков чекор би значел извесна ескалација на третата светска војна“, изјави во четвртокот за државната новинска агенција ТАСС заменик-секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација Александар Венедиктов.
Во изминатите 24 часа руски ракети погодија повеќе од 40 населени места, а украинските воздухопловни сили извршија 32 напади на 25 руски цели, соопшти главниот штаб на украинските вооружени сили.
Градоначалникот на пристанишниот град Миколаив, Олександр Сенкевич, во објава на социјалните мрежи рече дека јужниот град бил „масовно гранатиран“.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.