Русија го осуди нападот на стариот манастир во Киев

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за надворешни работи денеска ја критикуваше Украина како „безбожна, дива и неморална“ поради упадот на украинските безбедносни сили во стариот православен манастир во Киев.

Loading...

Украинската безбедносна служба и полиција вчера извршија рација во комплексот Киев-Печерска Лавра стариот 1.000 години, како дел од серијата операции против осомничените „субверзивни активности на руските специјални служби“, објави СБУ, пренесува Ројтерс.

Овој манастирски комплекс е украинско културно богатство, е на списокот на светско наследство на УНЕСКО и е седиште на крилото на Украинската православна црква под Московската патријаршија поддржано од Русија.

Украинската контраразузнавачка и антитерористичка служба СБУ објави дека потрагата е дел од нејзината „систематска работа за спротивставување на субверзивните активности на руските специјални служби во Украина“.

На претресот реагираше портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој ги обвини украинските власти дека „водат војна против Руската православна црква“.

Тој го опиша претресот на комплексот како „уште една алка во синџирот на агресивни дејствија против руското православие“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.