Русија бара од борците на Вагнер да се вратат во своите бази

Сподели со своите пријатели

Во саботата Русија апелираше до борците на паравоената група Вагнер, барајќи од нив да се вратат во своите бази, јавува Анадолија.

Loading...

Министерството за одбрана обвини дека шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, ги измамил борците во „криминална авантура“ и „вооружен бунт“, додека Кремљ издал наредба за негово апсење поради поттикнување бунт.

„Апелираме до борците од јуришните одреди „ПМЦ Вагнер“. Бевте измамени во криминалната авантура на Пригожин и учество во вооружен бунт“, соопшти Министерството.

Руската страна изјави дека многу борци на Вагнер „ја сфатиле грешката“ и барале помош да се вратат во своите бази.

„Ве молиме бидете внимателни и контактирајте со претставниците на руското Министерство за одбрана или агенциите за спроведување на законот што е можно поскоро. Гарантираме безбедност на сите“, додаваат тие.

Пригожин рано во саботата изјави дека неговите сили во Украина се преселиле во рускиот град Ростов.

Тензиите меѓу Кремљ и Вагнер ескалираа откако Пригожин ги обвини руските сили дека ги напаѓаат неговите платеници.

Русија доцна во петокот ги негираше тврдењата и издаде налог за апсење на Пригожин.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.