Романија: Околу 50 мигранти приведени поради обид за илегално преминување на границата

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 50 мигранти од повеќе земји се фатени во обид да ја напуштат Романија скриени во камион со приколка на западниот граничен премин Арад, соопшти денеска граничната полиција Арад.

Loading...

Полицијата соопшти дека возачот е под истрага за криумчарење мигранти, а мигрантите се под истрага за обид за илегално преминување на државната граница.

Возачот, 38-годишен турски државјанин, управувал приколка регистрирана во Турција и според документацијата превезувал метални профили на релација Турција-Германија, објави Аџерпрес.

Во седиштето на граничната полиција се приведени 52 мигранти државјани на Сирија, Непал, Шри Ланка, Египет, Индија, Судан, Бангладеш и Пакистан.