Родители во САД извршиле егзорцизам на посвоениот син: Момчето починало!

Сподели со своите пријатели

Брачен пар од Северна Каролина е обвинет дека извршил аматерски егзорцизам врз нивниот четиригодишен син, кој подоцна починал.

Loading...

Џозеф Пол Вилсон (41) и Џоди Ен Вилсон (38) од Маунт Ери биле уапсени на 13 јануари под сомнение дека нивните постапки доведоа до смрт на нивниот син Скајлер Вилсон.

Моментално се во притвор и не им е дозволено да платат кауција за ослободување.

Канцеларијата на шерифот на округот Сари потврди дека замениците на шерифот добиле повик на 6 јануари од Службите за заштита на деца за дете кое било примено во болница откако добило итна медицинска помош претходниот ден.

Полицијата соопшти дека Скајлер починал на 9 јануари „од повреди поврзани со злоупотреба од неговите родители“.

Момчето било врзано за подот со селотејп

Иако сѐ уште не се откриваат причините за смртта, полицијата го истражува случајот како убиство.

„Ова е трагичен настан што резултираше со прерана смрт на драгоцено дете“, се вели во соопштението на шерифот Стив Си Хиат.

Вилсонови се посвоители на Скајлер, пишува WFMY-TV од Гринсборо.

Loading...

Тие се обвинети за врзување и изолирање на Скајлер со цел да извршат егзорцизам.

Само неколку часа пред Скајлер да биде однесен во болница, Џоди му испратила порака на својот сопруг велејќи дека нешто му се случило на Скајлер.

Таа испратила и фотографија од Скајлер како лежи со лицето надолу на подот, завиткан во ќебе кое е залепено на подот.

Осомничените ќе се појават на суд на 2 февруари, а сѐ уште не се знае дали имаат обезбедено адвокат.

Вилсонови биле законски старатели на други деца кои моментално се под грижа на Одделот за социјални услуги, соопшти канцеларијата на шерифот, според NBC News.