РИЈАЛИТИ ЛУДИЛО: Мажи се натпреваруваат на оваа жена да ѝ направат дете (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дури 15 мажи се натпреваруваат да направат дете на 40-годишна жена во новото шоу на „Фокс“ „Labor of Love “.

Loading...

Шоуто го води Кристин Дејвис, најпозната по улогата на конзервативна Шарлота во серијалот „Сексот и градот“. Главната прогатонистка е Кристи Катзман, која сака да има дете пред да удри нејзиниот биолошки часовник, а во моментов е разведена.

Тајно снимале 1.500 луѓе за „ријалити шоу“

Како што вели, по годините во кои ја става кариерата на прво место, таа сака да го најде човекот од нејзиниот живот, но уште поважно е таткото на своето дете.

https://www.instagram.com/p/CAc6x2vAiK-/?utm_source=ig_embed

„Само што наполнив 40 години и излегов од врска. Се обидов да се снајдам со средбите, затоа што сакам да започнам семејство и времето не е на моја страна. Мислам дека многу жени ќе се идентификуваат со мојата приказна”, рече таа.

Со оглед дека резултатот од шоуто треба да биде бебе, јасно е зошто е поконтроверзно од повеќето слични емисии во кои се бара партнер.

Мислевте дека српските ријалити се претерани? Погледнете ги руските (ВИДЕО)

Loading...

Првото шоу започнува со донација на сперма. Додека мажите чекаат во ред да ја наполнат чашата, Дејвис им објаснува дека ќе се анализира нивната сперма и ќе се провери нивната плодност, а зависи од тоа дали ќе останат во шоуто.

Продуцентот на шоуто, Лорен Гирион, призна дека мажите не знаеле дека ќе донираат сперма додека Дејвис не им кажала за тоа пред камерата.

„Тие се согласија“, коментира таа.

https://www.instagram.com/p/CAJLjJ8jwlz/?utm_source=ig_embed

Покрај тоа, тие ќе треба да покажат како се справуваат со децата, да менуваат пелени, да се грижат за соба полна со деца и да ги поврзат со уред што симулира породилни болки.

„Еден од најголемите стравови ми беше дека нема да има мажи што го сакаат ова. Мислам дека вистинскиот тест беше анализа на сперматозоидите веднаш штом ме запознаа“, коментира Катцман.

Ова е Хана, првата ријалити ѕвезда: Живеела без струја, вода и ВЦ, па отишла да ја запознае кралицата (ФОТО+ВИДЕО)

Таа додаде дека најтешко за неа ќе биде да испраќа еден човек дома секоја недела.

Loading...

Leave a Reply