Тајно снимале 1.500 луѓе за „ријалити шоу“

Сподели со своите пријатели

Полицијата на Јужна Кореја привела четири лица поради тајно снимање на повеќе од 1.500 гости во 30 различни хотели.

Loading...

Видео снимките тајно биле снимани по хотелите во десет јужнокорејски градови и во живо емитувани на приватен сајт, пренесува ВВС.

Полицијата соопштила дека прекршителите имале 97 редовни претплатници кои за пристап на сајтот плаќале месечна членарина. Од ноември кога е стартуван сајтот, објавиле 802 видео снимки.

Камерите биле сокриени во телевизори, фенови за коса, штекери…

Повеќе од 6.400 случаи на незаконско снимање биле пријавени во 2017 година. Поради овие прекршувања 5.400 луѓе биле приведени, но помалку од два отсто биле осудени.

Минатата година десетици илјади жени протестирале под мотото „Мојот живот не е твој порно филм“.

Проблемите со тајни снимања ја принудиле полицијата во Сеул да создаде специјален тим составен од инспекторки кои се во потрага за уреди за снимање и редовно ги посетуваат јавните тоалети.

Leave a Reply