Резников: Наскоро ќе објавиме добри вести

Сподели со своите пријатели

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников напиша на социјалните мрежи дека „наскоро ќе објави добри вести“.

Loading...

Резников вели дека разговарал за „начините за зајакнување на украинските капацитети“ со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Тој наведува дека „наскоро ќе ја објави радосната вест“, но не соопшти дополнителни детали.

Но, тој напиша дека украинската армија „ќе продолжи да користи оружје за да ги деокупира“ териториите контролирани од руските сили.

Да потсетиме, Украина веќе некое време бара од САД ракети ATACMS, чиј дострел во голема мера го надминува сето она што моментално им е достапно на Украинците.

Скај њуз наведува дека не се знае дали САД им ги испратиле тие проектили или не.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.