Република: Италија нема да донесе одлука за испраќање ново оружје во Украина до февруари

Сподели со своите пријатели

Италија нема да донесе одлука за испраќање ново оружје во Украина до февруари, поради политички тензии и разгледување на трошоците, соопшти денеска Република.

Loading...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред две недели по телефонскиот разговор со италијанскиот премиер Џорџо Мелони изјави дека Рим ќе испрати системи за противвоздушна одбрана во Киев.

Мелони потоа ја потврди целосната поддршка на италијанската влада за Украина, потсетува Ројтерс.

Сепак, набргу потоа, министерот за одбрана Гидо Крозето изрази сомневање дека Италија ќе може да и снабди на Украина системи за противвоздушна одбрана.

„Република“ објави, повикувајќи се на анонимни извори, дека Мелони, цврст поддржувач на Киев, се соочува со отпор од десничарските сојузници Матео Салвини и Силвио Берлускони да одобри декрет за испраќање оружје во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Милано сакаат да забранат сладолед и пици по полноќ: „Го правиме за мир“

Салвини и Берлускони имаат долгорочни врски со Москва, потсетува весникот, наведувајќи дека извори од Северната лига на Салвини и Форс Италија на Берлускони денеска негирале дека имало проблеми со одобрувањето на тој указ, пренесе Ројтерс.

„Република“ наведува дека друго прашање што ја попречува одлуката е загриженоста дека италијанската армија ќе остане без неопходните системи за противвоздушна одбрана доколку испрати помош во Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...