Рекордна година по бројот на барања за азил во Австрија

Сподели со своите пријатели

Тековната година би можела да стане рекордна по бројот на поднесени барања за азил во Австрија.

Loading...

Само до септември, речиси 72.000 луѓе поднеле барање за азил и бројот продолжува да расте.

Така, во септември бројот на баратели на азил, во однос на истиот месец лани, е зголемен за цели 200 отсто.

Додека бројот на баратели на азил беше под 6.000 во мај, тој се искачи на речиси 16.000 во септември.

Во октомври беше поставен уште еден рекорд, бидејќи во Австрија беа поднесени меѓу 17.000 и 20.000 барања за азил.

Споредено со лани, регистрирани се 39.930 поднесени барања за азил. Ако се земе предвид бројот на поднесени барања во текот на октомври, во просек месечно се поднесувале по 8.988 барања за азил, што укажува дека одиме кон нов рекорд.

За време на големиот мигрантски бран во 2015 година, 88.340 лица поднеле барање за азил во Австрија, што доколку продолжи сегашниот тренд може да биде надминато за дури 20.000.

Така, до нова година Австрија би можела да добие 110.000 барања за азил.

Loading...

А рекорд е и бројот на одбиени барања. Така, одбиени се 40.299 барања, а повеќето по брза постапка, пренесува Танјуг.