Рекорден пад на продажбата на пиво во Европа

Сподели со своите пријатели

Минатата година во Европа се продадени 34 милиони хектолитри пиво, девет проценти помалку отколку во 2019 година.

Loading...

Продажбата на пиво во Европа падна во 2020 година откако се затворија баровите и рестораните за да се спречи ширењето на коронавирусот, соопшти Европската асоцијација на пијалаци.

 

 

Минатата година во Европа се продадени 34 милиони хектолитри пиво, девет проценти помалку отколку во 2019 година, објави здружението „The Brewers of Europe“.

Мерките за борба против пандемијата Ковид-19 особено го погодија европското угостителство, забележувајќи пад на потрошувачката на пиво за 42 проценти, на околу 75 милиони хектолитри.

Малопродажбата на пиво е малку зголемена, но недоволно за да се надоместат загубите, рекоа од таа организација.

Loading...

 

 

Пандемијата зазеде и 800.000 работни места во синџирот на снабдување на индустријата за производство на пиво, третина во целиот сектор за производство на пиво, што сега брои 1,8 милиони.

Повеќето од нив биле укинати во угостителските објекти, но исто така била забележана значителна загуба во дистрибуцијата.

Во Германија продажбата на пиво потона за 5,5 проценти во 2020 година, на 8,7 милијарди литри, што е најниско ниво од кога „Дестатис“ започна да објавува податоци, покажа извештајот објавен во февруари.

Leave a Reply