Расте бројот на пушачи меѓу младите ширум светот

Сподели со своите пријатели

Според најновата студија, 1,1 милијарда пушачи се регистрирани во светот, што е највисоко ниво досега.

Loading...

Студија објавена во научното списание „Лансет“ покажа дека само во 2019 година осум милиони луѓе починале од пушење, како и дека расте бројот на пушачи кај младите ширум светот, пренесува Гардијан.

Авторите на студијата сметаат дека владите треба да се фокусираат на намалување на пушењето кај младите, бидејќи 89 проценти од новите пушачи стануваат зависни до својата 25-та година.

 

 

„Младите се особено подложни на зависност, а епидемијата на пушење ќе продолжи и во наредните години, освен ако земјите драстично не го намалат бројот на нови пушачи“, рече Мариса Реицма, водечка авторка на студијата од Институтот за здравствена метрика и проценка.

Според студијата спроведена во 204 земји, пушењето е поврзано со 1,7 милиони смртни случаи од коронарна срцева болест, 1,6 милиони смртни случаи од хронично опструктивно пулмонално воспаление, 1,3 милиони од рак на белите дробови и скоро милион смртни случаи од мозочен удар.

Loading...

Претходните студии покажаа дека половина од долгорочните пушачи ќе умрат од причини директно поврзани со пушењето и дека просечниот животен век на пушачите е за 10 години пократок од оние кои никогаш не пушеле.

 

 

Иако 182 земји ја потпишаа Конвенцијата за контрола на тутунот во 2005 година, спроведувањето на политиките за намалување на пушењето варира од земја до земја.

„И покрај напредокот во некои земји, мешањето во тутунската индустрија и слабата политичка посветеност резултираа во голем јаз меѓу знаењето и делувањето во глобалната контрола на тутунот“, рече коавторот на студијата Вин Гупта, додавајќи дека мора да се стори повеќе за борба против пушењето, бидејќи како и за производи како што се ароматизирани и електронски цигари, кои можат да привлечат млади луѓе.

Leave a Reply